Хит претставата „Детектор за лаги“, повторно на репертоарот на Народен театар Охрид.
Претставата ќе се игра во сабота, на 11.02.2017 година. Билети во продажба на билетарата на Центарот по цена од 200 денари.
„Детектор за лаги“ е театарско дело работено по текст на Василиј Сигарев, под режисерската палка на Ненад Витанов. Во претставата играат Јасмина Билаловиќ, Никола Тодороски и Стрезо Стаматовски.
За костимите на актерите се погрижи Александра Крнинова Груев, а сценографијата ја подготви Филип Коруновски.
Препорачана возраст: +15
Извор: ОХРИД 24
Facebook Коментари