Во ЈЗУ “Нефрологија” Струга, денеска се заврши со инсталацијата на интернет мрежата во болницата за потребите на пациентите, така што сите пациенти на хемодијализа ќе имаат бесплатен пристап до интернет.
Монтирани се и нови телевизори во салите за хемодијализа.
-Со ова се реализира уште едно барање на пациентите, бидејќи нивните барања се обврска за нас. Продолжуваме со посветеност за доброто на пациентите, велат од струшка нефрологија.
StrugaOnline
Facebook Коментари