Лев банер Десен банер

За пристап до европските фондови ќе се користат хрватските искуства

Денеска во протоколарна средба, градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, ги прими хрватските консултанти од Осиек, Маја Галиќ и Зоран Плеша. На средбата присуствуваа Ѓоко Апостолов и Ирена Спасеска од Секторот за Туризам и локален економски развој.

Експертите од Хрватска изразија подготвеност да помогнат во делот на консултативни и стручни услуги за поефикасен пристап до европските фондови.

Гостите од Хрватска беа запознати со активностите на Општина Охрид во користењето на европските фондови и беше заклучено дека има простор за соработка помеѓу Осиек и Охрид, за партнерски настап пред европските фондови.

Извор и фото: Општина Охрид

error: