Балетското училиште „Bullfrogs Ballet School“ од Скопје, и ова лето во Охрид ќе организира летни балетски школи.
Оваа практика школата ја започна во 2014 година.
Покрај редовните тренинзи во денот (класичен балет, ПБТ – progressing ballet technique и модерен и современ танц), учениците изучуваат и кореографски парчиња. Во одредени денови има и прошетки низ градот, посета на значајни места, но и денови предвидени за на плажа. Летнатите школи се под водство на уметничкиот директор на „Bullfrogs Ballet School“ – Александра Никифоровски.
Краен рок за аплицирање во сите нивоа од летните школи е 01 мај во тековната година. Аплицирањето е по електронски пат.
извор: ОхридПрес
Facebook Коментари