Вечерва со почеток од 20 часот и 30 минути, во катедралната Црква „Света Софија“ концерт ќе одржи Загребскиот пијано квинтет од Хрватска составен од Илин-Диме Димовски – контрабас Федерико Ловато- пијано, Хрвоје Филипс-виола Никола Јовановиќ- виолончело, Алина Губајдулина – виолина.
Концертот се одржува во рамките на 57-то издание на фестивалот Охридско лето кое годинава го носи мотото „Патот до Магијата“. Љубителите на музичката уметност ќе имаат можност да проследат квалитетн концерт кој ќе се вброи во низата докажувања дека фестивалот и годинава е на висина на задачата
Facebook Коментари