Заменик-министерот за животна средина, Г-дин Јани Макрадули вчера беше во посета на Струга се со цел да ја провери стојбата на струшката дива депонија која е најголемиот проблем на Стружани, со оглед на тоа дека почнувајќи од Велигденските празници оваа година депонијата гори, понекогаш со помал, а понекогаш со поголем интензитет. Стружани преку низа протести побараа од надлежните (и на локално и на централно ниво) да се изгасне огнот на смртта во градот и да се врати чистиот воздух во Струга.
„Денешната посета на депонијата во Струга, и констатираната состојба во самата внатрешност, само ја потврдува заложбата на Владата на РМ за изнаоѓање на долгорочно системско и современо решение на проблемот со сите депонии на територијата на Република Македонија.“ Напиша Макрадули за остварената посета на својот Фејсбук профил.
Извор: Strugaonline
Facebook Коментари