Денес на 2 септември 2024 година во Струга започна новата учебна година.
Оваа школска година учениците ќе го немаат пролетниот распуст како што тоа беше случај минатата година. Одлуката на министерството да го укине пролетниот распуст доаѓа од резултатите што ги добиле од спроведената анкета меѓу наставниците, родителите и учениците.
Родителите, бабите и дедовците им истурија вода на учениците за лесна учебна година и ги испратија најмилите на училиште, а училиштата ќе организираат свечени приеми на првачињата, со прикладна приредба и запознавање со наставниците и уличиштето.
Учебната година за сите ученици и од основното и од средното образование ќе трае до 10 јуни со исклучок на учениците од завршните години во средно образование, кои ќе имаат настава до 16 мај.
Зимскиот одмор за учениците започнува на 31 декември, а завршува на 19 јануари. Летниот пак, започнува на 11 јуни, а завршува на 31 август.
StrugaOnline
Facebook Коментари