Лев банер Десен банер

Започна новата учебна година во ООУ „Браќа Миладиновци“, вкупно се запишаа 138 првачиња

Денеска 01.09.2023 година за сите ученици започна новата учебна година. Во ООУ „Браќа Миладиновци“ првиот училишен ден помина свечено за сите ученици, а особено за оние најмалите, највозбудените, односно за првачињата кои заедно со своите родители внесоа радост и нова надеж во училишниот двор.

Во ООУ „Браќа Миладиновци“, во учебната 2023/24 запишани се вкупно 138 првачиња, а наставата се изведува на три наставни јазици: македонски, албански и турски.„Во учебната 2023/24 на македонски наставен јазик запишани се вкупно 50 првачиња, на албански наставен јазик 80 ученици и 8 ученици на турски наставен јазик. Што се однесува до дистрибуцијата на учебници од МОН, во нашето училиште учебниците се веќе пристигнати и ќе им бидат поделени на учениците, а додека за трето и шесто одделение се очекуваат да пристигнуваат во текот на месецов. На сите ученици им посакуваме среќна и успешна учебна година!“ – информираат од ООУ „Браќа Миладиновци“.– Со заедничка, искрена и плодна соработка да го прошируваме знаењето, да другаруваме и да ги негуваме вистинските вредности во животот -додаваат од тимот на ООУ „Браќа Миладиновци“.

Strugaonline

error: