Започна поставувањето нови клупи во Паркот на поезијата во Струга
ЈП Комунално-Струга започна со замена на постоечките и поставување на нови клупи во централното градско подрачје.

-Денеска беа поставени комплетно нови клупи во Паркот на поезијата а дотраените ќе бидат обновени и поставени во други делови на градот. – информираат од претпријатието.
Во рамките на проектот ,,Мостови за подобро утре“ финансиран преку бугарската помош за развој, во завршна фаза се активностите за санација на мостот во село Ложани.
Во склоп на овој проект претходно беше саниран и Мостот на поезијата во Струга, а беше поставено и осветлување на истата локација.
За до крајот на месецов беше најавена активноста која се спроведе денеска (поставување нови клупи), а ќе бидат засадени и нови дрвја од двете страни на кејот на реката ,,Црн Дрим“ во Струга.
Strugaonline

