Започна пријавувањето за спортскиот летен камп „Охрид 2018“

- Локални
1679

Започна пријавувањето за Спортскиот едукативен камп со меѓународен карактер кој трета година по ред ќе се одржи во Хотел Десарет во Охрид. Кампот е  во организација на Асоцијацијата за спортови „Спорт за сите-сите за Спорт“.

„Летниот камп е посебен вид на заедница каде децата доаѓаат да се забавуваат, дружат и едуцираат. Во рамките на кампот, децата развиваат чувство на независност додека пробуваат нови авантури далеку од дома. Летните кампови се познати по тоа што обезбедуваат безбедна средина каде што децата добиваат самодоверба додека учат нови вештини.“ – потсетуваат организаторите.

Спортскиот едукативен камп ќе се одржи  од 9 до 15 јули, а  учесниците ќе се дружат, забавуваат и ќе спортуваат.

Сите детали можете да ги прочитате на следниов ЛИНК.

Strugaonline

Facebook Коментари