Лев банер Десен банер

Започна рушењето и средување на хоризонталните бариери на шеталиштето во Струга

Од Општина Струга односно на иницијатива на градоначалникот и општинската администрација, известуваат дека започна рушењето на хоризонталните бариери на шеталиштето, со што шеталиштето се ослободува и проширува без пречки.

-За да се избегне потребата од дополнителни трошоци и од естетски причини, истите плочки, во растегната форма, ќе се користат за пополнување на создадените празнини, велат од Општина Струга.

Додаваат дека оваа промена, иако мала, е многу важна за граѓаните на Струга кои долго време поднесуваат многу жалби за начинот на кој се поставени бариерите за кои станува збор.

StrugaOnline

error: