Љубителите на ракометот во Струга како и фановите на ракометарите од РК Струга ова лето имаат свое место. Во непосредна близина на ракометното игралиште, започна со работа летниот шанк на РК Струга. Oва е одлична можност за сите стружани да уживаат во вкусни напитоци, спортски разговори и летна релаксација. Дружбата секако нема да помине без играње ракомет, сите оние кои се заинтересирани за изнајмување на Ракометното игралиште за да играат ракомет, тоа ќе можат да го направат на шанкот.
Спортското лето 2018 година во Струга, официјално започна.
Strugaonline
Facebook Коментари