Започна учебната година во ООУ „Јосип Броз Тито“, вкупно се запишаа 68 првачиња

- Локални
205

Започна новата учебна 2025/2026 година во ООУ „Јосип Броз Тито“ Струга.

Денес во ООУ „Јосип Броз Тито“ дојдоа нови првачиња, иднината на нашето општество.

На свеченоста беа присутни идните првачиња, нивните родители, роднини. Насмевки имаше на сите страни. На почетокот се обрати директорката Дејана Чакареска којашто рече:

Им посакувам на нашите најмали ученици да чекорат храбро и радосно по патеките на знаењето, да ја разбудат својата љубопитност, да се радуваат на секој нов ден и да ги чуваат насмевките како најголемо богатство. Нашето училиште ќе биде нивната втора куќа – место полно со љубов, поддршка и безброј можности за раст и успех“.

Денес ООУ „Јосип Броз Тито“ повторно оживеа од детска смеа и возбуда. Со гордост ја започнуваа новата учебна година, во која се запишаа 68 првачиња. Како и секоја година, почетокот го одбележаа со свеченост и пригодна програма, во присуство на сите родители и вработени, кои заедно им упатија најтоплото добредојде.

StrugaOnline

Facebook Коментари