Екипите на ЈП „Комунално“-Струга во соработка со Општина Струга започнаа со уредување на Паркот на поезијата. Од таму информираат дека е започната изведбата на систем за наводнување, а исто така започнато е и со изведба на дополнителното осветлување на паркот. За таа цел е извршен ископ на канал за поставување на потребните подземни инсталации со мал ровокопач во должина од 960 метри.
Oд Општина Струга и ЈП „Комунално“ исто така информираат дека системот за наводнување ќе биде со тајмер кој ќе се вклучува во раните утрински часови, а на определени места ќе бидат инсталирани рефлектори исклучиво со штедливи светулки. Во меѓувреме ќе се санираат и постоечките фонтани кои ќе бидат пуштени во функција пред почетокот на туристичката сезона.
Целокупниот проект е донација на пријателите на Градот.
Strugaonline
фото: Општина Струга
Facebook Коментари