Започна Велигденскиот хуманитарен базар во Охрид

- Локални
670
Во рамки на своите хуманитарни активности, а во пресрет на Велигденските празници, Црвен крст Охрид организира Велигденски базар кој ќе се реализира од 19-21.04.2022 година во период од 12-15 часот на плоштадот Крушевска Република (Чинар).
На овој базар ќе се продаваат изработки од волонтерите од Програмата Црвен крст во акција – промоција на хумани вредности (ЦКА-ПХВ) и од волонтерите од Програмата за грижа за стари лица при Црвен крст Охрид. – информираат организаторите.
Средствата собрани од продажбата на овие изработки ќе бидат искористени во рамките на ЦКА-ПХВ за помош на семејство во социјален ризик.

Facebook Коментари