Започна засадувањето нови стебла во Струга

- Локални
847
Поради снежното време на Денот на пролетта, решивме денес, на овој сончев ден да се изврши засадување на нови стебла – иформираат од Општина Струга.
Јапонска цреша , фотонија и магнолија ќе бидат засадени на потегот на кејовите на реката Црн Дрим во Струга.
Садниците се набавени во рамките на проектот „Мостови – за подобро утре“ финансиран од Бугарската програма за развој, а засадувањето ќе го изрши стручен тим на ЈП Комунално – Струга.
Во рамки на истиот проект, вчера започна поставувањето  клупи и корпи за отпадоци на повеќе локации.
Strugaonline

Facebook Коментари