Започнаа уписите во Студиото за танц БАХ, ќе траат до 20-ти септември

- Локални
1049

Студио за танц БАХ – Струга врши уписи за сезона 2023/24. Нудат изучување на шоу денс, модерен балет, современ, џез балет и хип хоп. Уписите започнаа на 20-ти август, а ќе траат до 20-ти септември.  Групите се поделени според возраста и нивото на едукација.

Mini 5-8

Деца 9-12

Јуниори 12-15

Сениори 16+

Уписи се вршат на телефонскиот број 078 447 530 до 1-ви септември, а од 1-ви септември може и лично во просториите на Студио за танц БАХ – Центар за култура Браќа Миладиновци – Струга. Студио за танц БАХ во 2024 година ќе прослави триесет години постоење. Зад нив се многу успеси, квалитетна и посветена работа. Танцовото семјество се радува на уште една нова танцова сезона која е пред нив.

Сениорската група беше активна и во текот на ова лето, тие постојано вежбаат, настапија на свеченото отварање на 51-то издание на Меѓународниот ракометен турнир ,,Струга 2023“, а традиционално ќе го отворат и најновото издание на манифестацијата ,,Струшки вечери на поезијата.“.  Сите други групи започнуваат на 1-ви септември.

,,Ни следува година со многу љубов, среќа, насмевки, дружење, танцување, настапи, проекти, патувања и настани.Бидете дел од семејството БАХ.“-велат од студиото.

Strugaonline

Facebook Коментари