Oд денеска, па се до 7-ми јули во Струга, по 19-ти пат ќе се одржи Регионален летен универзитет, во организација на Амбасадата на Франција во земјава и Францускиот институт во Скопје.
Учество ќе земат над 100 професори по француски јазик од Србија, Хрватска, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Романија, Молдавија и Ерменија.
Овој летен универзитет, организиран во партнерство со Министерството за образование и наука, како и со бројни меѓународни и регионални партнери е значаен настан во континуираната обука на професорите и наставниците, им овозможува да стекнат нови познавања во доменот на наставата по француски јазик и култура, како и иновативни техники и методи за изучување на францускиот јазик.
Шест модули за обука, кои ќе ги водат врвни француски обучувачи, а воедно и богата франкофонската програма исполнета со презентации, работилници и размени на професионално ниво, ќе бидат на програмата на професорите, кои на крајот на обуката ќе добијат официјален сертификат за учество.
Свеченото отварање е закажано за денеска во 18:30 часот во хотел „Дрим“.
извор: denar.mk
Facebook Коментари