Започнува 60-то издание на ,,Струшки вечери на поезијата“, ова е програмата за денеска

- Локални
702

Со изложбата ,, 60 Години Струшки вечери на поезијата“ денеска во 18:00 часот на Летната сцена при струшкиот Центар за култура ќе започне јубилејното 60-то издание на поетскиот фестивал ,,Струшки вечери на поезијата“.

Официјалното отварање на манифестацијата е закажано за 20:30 часот на летната тераса во хотел ,,Дрим“.

Половина час подоцна, на истата локација ќе следува Меѓународното поетско читање ,,Поетски меридијани“.

Strugaonline

Facebook Коментари