Започнува Балканскиот фестивал во Охрид, променета локацијата на свеченото отварање

- Локални
358

Со традиционалната изложбата на фотофрафии ,,Моменти“ од Антонио Стојчески, вечерва во Охрид ќе започне 63-то издане на Балканскиот фестивал на народни песни и игри.

Утре, среда, 3-ти јули во 19:00 часот ќе се одржи Дефиле пред НУЦК „Григор Прличев“. Поради најавата за лошите временски услови свеченото отворање на Балканскиот фестивал, ќе се оддржи на алтернативната сцена во големата сала на НУЦК “Григор Прличев” – Охрид утре  со почеток во 20.30 часот, а не на сцената на Долни Сарај како што беше најавено претходно.

Во четврток, на 4-ти јули предвидени се настапите на „Севернашки ансамбл“ од Република Бугарија, како и КУД „Илинден“ од Битола со музичко-сценскиот проект „На Панигир“ – ора и песни од Јужномакедонска Етнографска целина и ФА „Љупчо Сантов“ од Оризари, Кочани со сплет на ора од Осоговијата.

На 5-ти јули 2024 година, на „Долни Сарај“ ќе настапат „Севернашки ансамбл“ од Бугарија, Фолклорното студио „Блажески“ од Скопје, Фолклорен ансамбл „Бисери“ од Охрид, КУД „Круг“ од Сиднеј и КУД „Бенџо“ од Мелбурн, Австралија.

Влезот за сите настани е слободен.

Strugaonline

Facebook Коментари