Започнува реконструкцијата на ООУ „Дедо Лазар Циркоски” во село Враништа

- Локални
977
Мнистерот за образование и наука, Јетон Шаќири и  градоначалникот на општина Струга, Рамиз Мерко денеска беа во посета на основното училиште „Дедо Лазар Циркоски” во село Враништа, кое наскоро ќе добие нов изглед.
Благодарение на грижата на Министерството за образование и наука, Владата и општината, во ова училиште се врши санација и делумна реконструкција за постигнување енергетска ефикасност. Ме радува тоа што со меѓусебна соработка и безрезервна одговорност приднесуваме за подобрување на клучните сегменти во образовниот систем во државата. -вели министерот Шаќири

Facebook Коментари