Започнува Вевчански карневал 2019

- Локални
1538

Од денеска, па се до 14-ти јануари сите патишта водат во Вевчани. Започнува Вевчански карневал 2019 . Околу 1000 маски на оригинален и единствен начин ќе го претстават општественото секојдневие. Најголемиот театар на отворено во Вевчани преку хумор и сатира на најдобар можен начин ги отсликува општествените појави вклучувајќи го и политичкиот живот.

Освен критикување на политичарите, Вевчанци и годинава ќе се погрижат за добра забава на сите сограѓани и бројни гости.

Култната македонска група „Архангел“, заедно со Неша од групата „Галија“, Културно уметнички работници и Dj RootBoy ќе настапат вечерва.  Во пресрет на Василица и пречекот на православната Нова година, утревечер, на 13-ти присутните гости и василичарите ќе ги забавуваат Кате и групата „Нели ти реков“, „Баклава“, „Џубокс бенд“ и Оркестар Зурли и тапани од Вевчани.

Strugaonline

Facebook Коментари