Започнуваат спортските игри за деца со посебни потреби во Охрид

- Локални
945

Охрид од денескa ќе биде домаќин на спортски игри за деца со посебни потреби.

|Игрите траат од денеска па се до  12-ти мај во одморалиштето „Радости“ во Охрид, а организатор е Федерација на училишен спорт во соработка со училишниот спортски клуб „Св. Наум Охридски“ од Скопје.

Учество ќе земат деца од Скопје, Штип, Куманово и Велес, а ќе се натпреваруваат во дисциплините: мал фудбал, атлетика (острајно трчање или одење 10 минути, 20 метри, 100 метри, скок во далечина од место) и полигон.

Извор: ОхридПрес

фото: архива

Facebook Коментари