Започнува новата танцувачка сезона во Студиото за танц „БАХ“
Првиот уписен рок трае од 1-ви до 15-ти септември, а вториот од 15-ти септември до 1-ви октомври. Уписите се вршат секој работен ден во период од 17:00 до 21:00 часот во просториите на студиото, односно во Центар за култура „Браќа Миладиновци“ или на телефон: 078 447 530.
„Нудиме попусти и изненадувања за сите ззапишани во прв уписен рок. Новите членови со вежбање ќе започнат од 1-ви октомври, а старите членови немаа пауза со вежбање, со нив се подготвуваме за големиот годишен концерт и натпреварите што следуваат. Бидете дел од нашето убаво семејство и вклучете се во плановите кои ги имаме за оваа сезона“- вели Тања, кореограф и идеен творец на Студиото за танц „БАХ“.
Ова балетско студио зад себе има дваесет и пет години искуство, изгради вистинско танцово семејство и посебна култура на живеење во Струга. Танцувајте со нив и почувствувајте ја магијата!
Strugaonline
Facebook Коментари