Засилени акциски контроли на СВР Охрид, во Струга казнети 25 возачи

- Локални
445

На 11.07.2021 година од 10 до 15 часот, на подрачјето на СВР Охрид, спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената. Притоа, полициските службеници санкционираа 59 возачи на моторни возила (Охрид-11, Струга-25, Кичево-08, Дебар-15).
Oд СВР Охрид најавуваат дека засилените акциски контроли продолжуваат во текот на туристичката сезона со цел зголемена безбедност во сообраќајот.

Од таму апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта.

Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари