Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај, во периодот од март до јуни оваа година, на подрачјето на Охрид има реализирано четириесеттина акциски контроли исклучиво насочени кон возачите на мотоцикли, мотори и мопеди, заради санкционирање и намалување на прекршоците што ги прават, овие учесници во сообраќајот.
Притоа, затекнати се 231 возачи кои не користеле заштитна кацига за време на управувањето со овие превозни средства, 42 возеле без возачка дозвола и без возачка потврда, еден возач управувал мотор без продолжена важност на возачката дозвола а еден моторциклист возел мотор под дејство на алкохол. При контролите, полициските службеници одзеле 4 моторцикли поради предизвикување голема бучава, еден мотор поради непродолжена важност на возачките документи, три мотори за непродолжена важност на осигурителна полиса а санкционирале и повеќе други сообраќајни прекршоци.
Напоменуваме дека, во наредниот период, интензивни ќе бидат сообраќајните контроли кон овие но и кон останатите возачи на моторни возила како и до сите останати учесници во сообраќајот. Ќе се изрекуваат казни кон сите учесници во сообраќајот кои не ги почитуваат сообраќајните знаци за дозволена брзина како и другата хоризонтална и вертикална сигнализација или по други основи ги кршат одредбите од Законот за безбедност во патниот сообраќај а отсекот за превенција ќе спроведува засилени превентивни сообраќајни кампањи.
Целта е постигнување поголем степен на сообраќајната безбедност, јакнење на свеста и одговорноста кај сите за поголема внимателност при учеството во сообраќајот, зголемување на безбедносната култура и елиминирање на можни сообрќајни незгоди.
Извор СВР Охрид, фото: архива
StrugaOnline
Facebook Коментари