Засилени контроли во Охридското Езеро, кај Калишта пронајдени висечки мрежи долги 400 метри со 157 парчиња белвица

- Локални
153

На 30.07.2025 во периодот од 02.00 до 04.00 часот, полициските службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро”, извршија засилени контроли во водите на Охридското езеро со цел спречување на незаконит риболов.

Притоа, на подрачје на Струга и струшкото село Калишта, пронајдоа две „висечки мрежи” со должина од околу 400 метри, кои се најстрого забранети за лов на риба, со улов од 157 парчиња риба белвица, со вкупна тежина од 22 килограми.

Мрежите и уловот се подигнати од водите на езерото и донесени во полициската станица за понатамошна постапка.

Извор: СВР Охрид, фото: архива

StrugaOnline

Facebook Коментари