Засилени сообраќајни контроли на СВР Охрид, во Струга санкционирани вкупно 19 возачи

- Локални
453
На 27.06.2021 година од 09:00  до 14:00 часот, на подрачјето на СВР Охрид,  реализирани се засилени акциски сообраќајни контроли. Притоа, полициските службеници регистрирале и санкционирале 48 возачи на моторни возила кои, во населено место ја пречекориле дозволената брзџина на движење (Охрид-06, Струга-12, Кичево-25, Дебар-05) и 56 возачи кои, надвор од населено место управувале со поголема брзина од пропишаната (Охрид-41, Струга-02, Дебар-13). Воедно, евидентирани се вкупно 29 прекршоци, најчесто неносење на заштитен шлем, сторени од возачи на мотори (Охрид-13, Струга-05, Кичево-08, Дебар-03), на кои, изречени им се соодветни санкции.  Акциските контроли во сообраќајот ќе бидат интензивирани со цел, доследно  почитување на сообраќајните правила и прописи и избегнување на сообраќајни незгоди.
Извор: СВР Охрид

Facebook Коментари