Засилени сообраќајни контроли- Во Охрид и Струга викендов казнети 179 возачи

- Локални
584

Мобилната единица за безбедност во сообраќајот при Министерството за внатрешни работи, во саботата спроведе засилена акциска контрола на територијата на Охрид и Струга, при што се санкционирани 179  возачи.

Најмногу казни се изречени за нерегистрирани возила, возење без возачка дозвола и возење под дејство на алкохол, информира портпаролот на МВР Тони Ангеловски.

-Евидентно е дека се подобрува дисциплината на возачите, а со тоа се намалува и бројот на сообраќајни незгоди. Кога ќе ја направиме споредбата ноември 2020 со ноември 2019, имаме значително намалување на бројот на сообраќајни незгоди за 21%. Имаме исто така значително намалување на бројот на загинати лица во сообраќајни незгоди за 36%, за дури 75% е намален бројот на загинати пешаци во сообраќајни незгоди, а исто така евидентно е дека имаме и намалување во бројот на сообраќајни незгоди со тешки телесни повреди и тоа за 47%. – истакна  Ангеловски.

Засилени контроли беа спроведени и во петокот кога беа изречени 115 казни во Охрид и Дебар.

Вчера во  Кичево за повеќе од два часа беа изречени 50 казни на возачи.

Ангеловски најави дека ваквите засилени акциски контроли ќе продолжат и во наредниот период.

 

Facebook Коментари