Заврши 57-то издание на „Струшки вечери на поезијата“

- Локални
1017

Традиционалната манифестација „Мостови“ и врачувањето на трите книжевни награди, синоќа го означија крајот на 57-те „Струшки вечери на поезијата.“

Директорот на Струшките вечери на поезијата, Мите Стефоски, му ја врачи наградата на годинашниот лауреат Адам Загајевски, кој е 53-ти добитник на највисокото признание на фестивалот, „Златен Венец“

Елизабета Шелева, (претседател на Управниот одбор на СВП)  ја додели наградата „Мостови на Струга“ која Струшките вечери на поезијата ја доделуваат заедно со УНЕСКО за најдобра дебитантска книга од млад светски автор. Добитник на наградата „Мостови на Струга“ за 2018, е финскиот поет Паули Тапио, за книгата „Врапчињата и времето“

Претседателот на жири комисијата за доделување на наградата „Браќа Миладиновци“, Данило Коцевски му ја врачи престижната награда за најдобра поетска книга напишана на македонски јазик меѓу две изданија на фестивалот на Зоран Анчевски за неговото дело  „Небесна пантомима“.

Наградата за најдобра песна посветена на виното ја доби Ида Борјел од Шведска.

Денеска, во 13:00 часот поетите ќе читаат на Матинето во Матка, а во 21:00 часот пред Камениот мост во Скопје ќе се одржи Меѓународниот поетски митинг.

Струга и годинава го оправеда  епитетот „Лулка на поезијата“  кој го носи со години. На овогодинешното издание учествуваа 30-тина поети од целиот свет.

Strugaonline

Facebook Коментари