Градоначалникот Рамис Мерко преку ЈП „Хигиена”- Лабуништа ја реализираше и последната фаза од изградбата на канализационата мрежа во селото Лабуништа.
„Станува збор за вклучување на канализационата мрежа и во Ориште (горен дел од Лабуништа), со што се комплетираше канализационата мрежа низ целото село. Во тек е привремено санирање на патот каде поминуваат канализационите цевки.“ – информираат од Општина Струга.
Strugaonline
фото: Општина Струга
Facebook Коментари