Од 23-ти до 29-ти август во Охрид се одржа првиот Меѓународен волонтерски камп „Брег на младоста 2017„ на кој учествуваа околу 100 волонтери од шест земји. На овој меѓународен камп претставници на Македонија беа младите волонтери на здруженијата на акцијаши од Скопје, и од домаќинот Охрид.
Станува збор за волонтерски-работен, рекреативен и спортски камп. Во рамките на шест-дневната програма волонтерите реализираа две локални акции на брегот на Охридското езеро и во самиот камп. Исто така, тие се запознаа со сите знаменитости и културното богатство на Охрид. Кампот се одржа во организација на клубот на бригадирите од Охрид „Брег на младоста“
Извор: Сојуз на волонтери акцијаши на Република Македонија
Фото:Сојуз на волонтери акцијаши на Република Македонија
Strugaonline
Facebook Коментари