Заврши овогодинешното издание на манифестацијата „СТРУШКИ КНИЖЕВНИ СРЕДБИ – 2017“

- Локални
1246

Денес во Струга заврши тридневната меѓународна книжевна манифестација  „Струшки книжевни средби – 2017“  во организација на културниот центар „Бран“ и ревијата за книжевност „Бранувања“ од Струга. Во рамките на манифестацијата беше претставен портретот на српскиот сатиричар Александар Чотриќ, а беа доделени и наградите „Книжевна далга“на академик Ристо Василевски, како и наградите „Струшко слово“ на Мујо Бучпапај од Албанија, Жарко Милениќ од Босна и Херцеговина и на Панде Манојлов од Македонија.  Доделени беа и наградите „Јован Котески“ на Зоран Јакимоски и наградата „Крсте Чачански“ на Стефан Марковски.

За време на манифетацијата, во село Вевчани се одржа поетски митинг и беше претставена современата српска поезија.

Со доделувањето на наградата „Книжевни бранови“ за најдобро прочитана песна заврши поетскиот фестивал во Струга.

Извор: Strugaonline

Facebook Коментари