Збирка уметнички дела од Коџоман ќе бидат преставени во музејот „Д-р Никола Незлобински“ од Струга

- Локални
872

muzejnezlobinski

Оваа година ќе биде богата за  Националната установа Музеј „Д-р Никола Незлобински“ од Струга од областа на културно наследство, во кој ќе се реализираат повеќе проекти.

Осовременување на депоата, конзервација на етнолошкиот материјал од збирката на Музејот „д-р Никола Незлобински“, едукативна работилница – Културно наследство од Струга и Струшко, а меѓу позначајните од  проектите ќе биде изработка на елаборат за ревалоризација на збирката уметнички дела од сликарот Вангел Коџоман.

Ќе се врши конзервација на метални предмети од збирката на Музејот, потоа замена на експонатите од постојаната изложба со нови на тема: „Лековитетите растенија на планината Јабланица“ и едукативна работилница – „Рибите во Охридското Езеро“.

Facebook Коментари