Здружение за развој и активизам „Аква“ од Струга је претставува публикацијата „Струшка азбука на природата – Површна љубов“
Публикацијата меѓудругорто содржи струшка азбука на природата, фотографии кои ги опишуваат сите убавини кои ни ги дала природата како и поезија нашишана за нашата убава Струга од страна на домашни и странски автори.
– Покажавме дека она што природата ни го дала со љубов убавини во неизмерни количини, ние поради недостиг на свест, и можеби намерно, грешно сме го протолкувале како „сезонска распродажба“. Во природата на „модерниот човек“ е она што ќе му го даде природата, нерационално да го конзумира и искористува, додека грижата и зачувувањето на природата ја остава за некое друго време за некои други генерации. Правејќи го тоа докажавме дека нашата љубов кон природата е само површна за корист и задоволство, и не доволна за да кажеме дека ја сакаме и се грижиме за неа.“ – стои во воведот на публикацијата која можете да ја најдете на следниов ЛИНК.
Strugaonline
Facebook Коментари