Здружението Аква од Струга започнува со реализација на едукативни работилници за млади, еве како да се пријавите

Здружението Аква од Струга, во партнерство со Центар за интеркултурен дијалог од Куманово, започнува со реализација на 12 едукативни работилници за млади (14-25 години) преку кои тие ќе може да стекнат вештини за младинско застапување и учество, како и знаења од областа на човековите права, младинскиот активизам и мултикултурализмот, како дел од проектот “(Локално) Младинското учество е важно.“
Работилниците ќе се спроведуваат во периодот на месеците јуни и јули во Струга. Секоја работилница ќе трае час и половина. Активностите ќе завршат со голема младинска акција за локален проблем што вие ќе го мапирате заедно со вашите ментори.
Пријавување на следниов ЛИНК
Проектот “(Локално) Младинско учество е важно” се спроведува во осум општини: Куманово, Липково, Тетово, Теарце, Гостивар, Маврово и Ростуше, Струга и Чаир.
Главната цел на проектот е активно вклучување на младите во процесите на носење одлуки и креирање на политики на локално ниво. Вклучувањето на младите ќе биде преку процеси на застапување и граѓански активизам поврзан со сферите на социјална кохезија, човекови права, мултикултурализам и демократија.
Strugaonline
фото: aрхива

