Здружението на пензионери од Струга се закити со благодарница
Минатиот викенд делегација на Здружението на пензионери од Струга, во состав Елисавета Лазареска претседателка на Активот и потпретседателката Павлина Кузманоска, како и претседателот на Комисијата за информирање Стојан Кукунешоски, предводени од претседателот на Здружението МИЛОРАД ТРПОСКИ, на покана од ЗП Битола, присуствуваа на свечена седница на ЗП Битола, каде беше промовирана Монографијата „76 години позитивни активност 1946-2022“.

Монографијата беше промовирана на свечена седница што се одржа во Големата сала на Народниот театар во Битола по повод одбележувањето на 76 години од постоењето на Здружението.
Монографијата содржи сто и педесет страници исполнети со стотици активности на пензионерите од Битола и ограноците Новаци и Могила, како и бројни колор фотографии кои ја потврдуваат автентичноста на напишаното.
На седницата покрај другите претставници на Здруженија, присуствуваа и претставници на ЗП Струга, на кое што претседателката на Извршниот одбор на ЗП Битола, Даница Пеличкова, на претседателот на ЗП Струга Милорад Трпоски, му врачи Благодарница за долго-годишна соработка на двете здруженија.
Монаграфијата која е напиша новинарот и фоторепортерот Петар Ставрев, од Битола ја промовира м-р. Илија Адамоски, претседател на Собранието при СЗПМ.
Текст и фото: СТОЈАН КУКУНЕШОСКИ

