Земјотрес со јачина од 3.3 степени почувствуван во Струга

- Локални
1310

Утрово, во 05:10 часот, регистриран е земјотрес со интензитет од 3.3 степени, кој беше почувствуван и во Струга

Епицентарот на земјотресот е на 6 километри северно од Охрид и 3 километри западно од Косел, на длабочина од само 2 километри.

– Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово на 11.5.2020 година во 05:09 часот, регистрира земјотрес чии епицентар се наоѓа 114 km југозападно од Скопје, и потекнува од Охридското епицентрално подрачје. Земјотресот имаше локална Рихтерова магнитуда ML3.4, а беше почувствуван од населението во Охрид, Струга и околината со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала, стои во официјалното известување од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

извор: EMSC

Facebook Коментари