Жителите на Враништа ќе го блокираат патот Струга-Дебар, бараат селото да добие канализациона и нова водоводна мрежа

- Локални
1713

Во сабота и недела, на 14-ти и 15-ти август 2021 година, во периодот од 16:00 до 17:00 часот, жителите на селото Враништа ќе одржат протест со блокирање на регионалниот пат R1201 Струга-Дебар.

– Протестот има за цел селото конечно да добие канализациона и нова водоводна мрежа. Мораме да нагласиме дека протестот не е против ниту една политичка партија, туку е за интересите на селото и претставува исполнување на барањата на мноштво жители, информираат организаторите.

Од Месната заедница на село Враништа додаваат дека поднеле барање за инсталација на канализациона мрежа до Општина Струга и до Министерство за транспорт и врски, но дека не добиле повратен одговор.

Facebook Коментари