Во третиот натпревар од четвртфиналето на кошаркарското првенство, сениорките на ЖКК Струга 2009 загубија од тимот на Крива Паланка со резултат 71:68 (15:22;22:14;19:19;15:13).
Во нашите редови најефикасна беше Зендели со 19 поени и 4 асистенции, Стојановска постигна 18 поени, 2 скока и 8 асистенции, Укоска 13 поени, Шеќероска 8 поени, 10 скока и 5 асистенции, Томпсон 5 поени и 4 скока, Модева 4 поени и 4 скокови.
,,Maјсторката ги оправда очекувањата, ова беше одличен натпревар достоен за едно четвртфинале. Крива Паланка победи, но и ние да победевме ќе беше сосема заслужено. Во последните моменти од натпреварот имавме два шута за три поени , но за жал не реализиравме. Задоволен сум од тоа како ја изигравме оваа сезона, да не не следеа незгоди на крајот на сезонава, мислам дека сигурно ќе влезевме во полуфинале. ,, – изјави за Strugaonline тренерот Владимир Ѓоровиќ.
Тој додава дека фокусот сега останува на завршницата од младинските лиги. Вели дека ќе направат резиме на сениорската сезона за да видат што може да се поправи за следната сезона да бидат уште подобрри.
Strugaonline
Facebook Коментари