Зиадин Села обвини дека во Струга имало уцени, закани и купување гласови

- Локални
1615

Кандидатот за градоначалник на општина Струга од Алијансата на Албанците, Зиадин Села после објавувањето на резултатите од вториот круг на локалните избори во изјава за медиумите истакна:

Имајќи предвид дека демократијата е волјата на мнозинството, а мнозинството во Струга е на албанското население, во сите албански села 100 проценти и кај албанското гласачко тело го имаме победено ДУИ и тоа со резултат од два спрема еден. Останува сега тој да даде одговор. Не сме ги изгубиле изборите. Напротив, ако некој сакал да удри врз мојот легитимитет како претседател на Алијансата на Албанците ме направија уште посилен. Али Ахмети те чекам на парламенгарни избори. Зоран Заев иако декларативно се залага за живот, рамноправност и соживот, успеа уште повеќе да ја продлабочи делбата помеѓу етничките заедници во Струга.- изјави Села.

Села исто така обвини дека овие избори биле криминални и дека на повеќе места во Струга имало закани, уцени и купување гласови кои се случувале на скриени локации кои функционирале како партиски штабови.

Facebook Коментари