Зијадин Села повеќе не е градоначалник на Струга

- Локални
1287

Градоначалникот Села вели дека се одлучил да го напушти градоначалничкото место во Струга бидејќи од граѓаните добил доверба да биде пратеник.

sela

“…Никој не треба да биде на важни јавни фунцкии како што е градоначалничката повеќе од два мандати, а ова за мене е првиот мандат. Дали ќе бидам кандидат… Ние имаме политичка партија која ќе одлучи за тоа. Ако оцениме дека треба пак да бидам градоначалник тоа ќе биде”, рече Села.

За в.д. градоначалник на Струга до локалните избори во април е именуван досегашникот член на градскиот Совет, Мустафа Забзун.

„Јас сум свесен дека во претходниот мандат нашиот градоначалник имаше проблеми во соработката со централната власт. Јас ќе настојувам да продолжам со активностите и тие опструкции кои реално беа присутни во тој период да ги намалиме и сето тоа во интерес на овој град и граѓаните, бидејќи во овој град живеат граѓани од сите етнички заедници“, изјави Забзун.

Зијадин Села стана градоначалник во 2014 година како кандидат на ДПА, но потоа му откажа верност на Мендух Тачи. Додека беше на таа функција постојано обвинуваше дека општината се соочува со опструкции од централната власт на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.

Facebook Коментари