117 лица во земјава не ја почитувале забраната за движење

- Македонија
574

Според статистичките податоци за изминатото деноноќие  на 135 лица им се издадени решенија за изолација, а 53 лица потпишале изјави за самоизолација, информираат од МВР.

Во текот на изминатото деноноќие, по однос на забраната за движење евидентирано е дека  на ниво на целата држава 117 лицa не ја почитувале забраната за движење, при што приведени/лишени од слобода се 89 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, а три лица не ја почитувале мерката за изолација.

извор: МВР

фото: архива

 

Facebook Коментари