14 Ноември, Светски ден на дијабетесот
Повеќе од половина милијарда луѓе ширум светот живеат со дијабетес. Дијабетесот ги афектира мажите, жените и децата од сите возрасти во секоја држава. Се предвидува дека оваа бројка ќе се зголеми двојно, односно до 1,3 милијарди луѓе во следните 30 години, при што секоја држава ќе забележи драматичен пораст.
Денес е 14 Ноемви, Светскиот ден на дијабетес (WDD) кој од 1991 година се одбележува ширум светот на предлог на Меѓународната федрација за дијабетес (IDF) и Светската здравствена организација (WHO), а како одговор на зголемената загриженост и ескалацијата врз здравствената закана што ја носи дијабетесот. Светскиот ден на дијабетес стана официјален ден на Обединетите нации во 2006 година со усвојувањето на Резолуцијата 61/225 на Обединетите нации. Секоја година се одбележува на 14 ноември, роденденот на Сер Фредерик Бантинг, кој заедно со Чарлс Бест го открил инсулинот во 1922 година.
WDD е најголемата светска кампања за подигање на свесноста за дијабетесот која допира до глобалната публика. Овој ден го привлекува вниманието на сите теми и прашања кои се од огромно значење пред се за луѓето кои живеат со оваа состојба, а потоа цврсто се задржува во центарот на вниманието на јавноста и на политиката.
Дијабетесот е една од најчестите болести на современото општество. Во светски рамки се смета дека има над 200 милиони луѓе со дијабетес, а според Меѓународната дијабетолошка федерација, овој број ќе достигне 350 милиони до 2025 година. И во Република Македонија дијабетесот е многу често заболување од кое страдаат околу 120.000 лица.
StrugaOnline

