15 нови случаи на ковид 19, нема починати лица

- Македонија
497

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје:
Во последните 24 часа се направени 2.802 тестирања, а регистрирани се 15 нови случаи на КОВИД-19 од:
Кичево – 5, Скопје – 4, Тетово – 3, Прилеп, Охрид и Делчево – по 1.

Регистрирани се 14 оздравени пациенти од:
Скопје – 11, Куманово, Гостивар и Кичево – по 1.

Не се регистрирани нови починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 841.125 тестирања на Ковид-19.

Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.583, бројката на оздравени пациенти е 149.690, на починати е 5.472, а бројот на активни случаи изнесува 421.

 

Facebook Коментари