16 нови случаи на КОВИД 19 во земјава, еден од нив во Струга
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 14 оздравени пациенти, информираат од Министерството за здравство на Република Македонија.

По градови:
– Скопје 3
– Тетово 11
На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби почина пациентка од Велес (78 години), хоспитализирана на 14-ти мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Тетово (84 години), примен во болница на 20-ти мај и пациентка од Скопје (76 години) примена на 19-ти мај.
Во текот на последните 24 часа направени се 314 тестирања, а регистриран е 16 нови случаи на COVID-19.
– Скопје 9
– Штип 5
– Струга 1
– Гостивар 1
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.014, бројката на оздравени пациенти е 1.453, на починати е 116, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 445.
Досега во земјата се направени вкупно 25.841 тестирања на COVID-19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 169 теста се во рамките на скринингот. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје во Велес, Кочани, Куманово и Скопје во градинки и геронтолошки установи и не се регистрирани позитивни случаи на COVID-19.
Во однос на вкупниот број заболени воочен е технички превид при евиденција кај еден од тестираните во рамки на скринингот и согласно исправката направена е корекција на вкупната статистика. Вработената во геронтолошкиот завод во Скопје е негативна на вирусот и досега, освен два позитивни резултати во градинка во Битола и Скопје, не се регистрирани други позитивни случаи преку скрининг.

