24 април и 8 мај неработни денови за сите граѓани

- Македонија
381

Поради одржување на претседателските и парламентарните избори 24 април и 8 мај се неработни денови за сите граѓани на територијата на Република Северна Македонија.

Владата на Северна Македонија, на одржана седница, ја разгледа и усвои Информацијата од Министерството за труд и социјална политика за прогласување на овие два дена за неработни, поради распишување на избори за претседател на Република Северна Македонија и избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија.

Владата препорачува на работодавачите од приватниот сектор на територијата на државата, да ги спроведат овие заклучоци.

-Во Информацијата од Министерството за труд и социјална работа е посочено дека имајќи го предвид Решението за распишување на избор за претседател на Република Северна Македонија („Службен Весник на РСМ“ бр.37/24), како Решението за распишување на избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија („Службен Весник на РСМ“ бр.37/24), потребно е секој граѓанин да може непречено да го оствари своето право на глас, во избирачката единица во којашто е регистриран, стои во владиното соопштение.

Strugaonline

фото: архива

Facebook Коментари