24-ти Мај Ден на Сесловенските просветители, Светите солунски браќа Кирил и Методиј

- Македонија
63

24-ти Мај е познат како Ден на Сесловенските просветители и учители или Ден на Светите солунски браќа Кирил и Методиј.

Кирил и Методиј се основачите на првата словенска азбука-глаголицата.
Денот на македонските светители е прогласен за државен празник и е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија. Овој празник, во Македонија првпат бил одбележан на 11-ти мај 1860 година во црквата Света Богородица во Скопје. 24-ти мај е избран поради тоа што токму на тој датум започнала Моравската мисија.
Светите браќа Кирил и Методиј се основоположници на словенската писменост и литература и се заслужни за културниот развој на сите словенски народи. Иако имаат и посебни празници на денот на нивното упокојување, тие имаат и заенички празник на 24/11 мај. Поради нивните заслуги за христијанството Светета црква ги прогласила за рамни на апостолите.

Strugaonline

Facebook Коментари