33 нови случаи на ковид 19 во Македонија, 11 починати и 92 оздравени пациенти

- Македонија
504

Во текот на последните 24 часа се направени 3.777 тестирања, а регистрирани се 33 нови случаи на COVID-19, информираат од Министерството за здравство.

• Скопје 13
• Куманово 4
• Тетово, Охрид и Кичево по 3
• Прилеп и Радовиш по 2
• Битола, Штип и Дебар по 1

Пријавени се вкупно 11 починати лица: 5 лица од Скопје (64, 77, 77, 77 и 92 години) и по едно лице од Виница (79 години), Куманово (80 години), Неготино (74 години), Струмица (69 години) и Тетово (76 години).

Регистрирани се 92 оздравени пациент од:

• Охрид 41
• Скопје 15
• Струга 13
• Куманово 6
• Битола 5
• Гостивар 3
• Кочани 2
• Тетово, Кичево, Неготино, Свети Николе, Радовиш, Виница, Кратово по 1

Досега во земјата се направени вкупно 792.077 тестирања на COVID-19.

Вкупната бројка на COVID-19 дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 155.246, бројката на оздравени пациенти е 147.473, на починати е 5.398, а бројот на активни случаи изнесува 2.375.

Facebook Коментари