
„Навистина ми е драго што денеска 36 лица со потешка телесна попреченост ги добиваат помагалата коишто им се потребни. Министерството за труд и социјална политика прави напори со обезбедувањето на средства потребни за функционирањето на националниот сојуз на инвалидски организации и Национален сојуз на телесно инвалидизирани лица на Македонија – Мобилност Македонија да ја поттикне работата на полето видливост на лицата со попреченист, а со овие ортопедски помагала и олеснувањето на движењето, присуството на лицата со попреченост во социјалниот живот ќе биде секојдневиe“, изјави министерката Царовска.
Истовремено МТСП со најновите измени на Законот за социјална заштита значително ги унапредува правата на лицата со попречености со тоа што воведува две нови услуги, домашна нега и лична асистенција.
Бранимир Јовановски од Мобилност- Македонија вели дека согласно Програмата за работа Сојузот обезбедува соодветна парична помош на членовите во случаи кога треба да платат или партиципираат за користење на неопходни здравствени услуги или набавка на помагала, а во границите на финансиските можности на сојузот, како и во склад со актите на сојузот и за оваа намена се на располагање 271.890,00 денари, кои се префрлени на 16 општински здруженија-членки на сојузот.
Strugaonline
Facebook Коментари